„Немарот е голема опасност“

На нашите прашања за тоа која е главната причина поради која човекот не ја постигнува својата духовна цел, Старецот одговараше дека тоа е немарноста. Еднаш го прашав:

А зошто отците велат дека причина за тоа е гордоста?

Тој одговори:

-Да, и таа непријателствува против нас, но не против сите, туку само против оние коишто успеала да ги опрелести и притоа малку, бидејќи гордоста ги растура веќе стекнатите духовни ризници, а немарот не му дозволува на човекот дури ни да ги стекне. Немарот е налик на суша поради која не може да никне никакво растение. Гордоста им штети на принесените плодови, на оние коишто се превознесуваат, но немарот им причинува штета на сите, бидејќи им пречи и на тие што сакаат да тргнат по патот, ги запира тие што тргнале, на тие што не знаат не им дозволува да научат, на заблудените им пречи да се обратат, на паднатите не им дозволува да се исправат. Така, општо земено, немарот е погибел за сите кои се запленети од него.