Размислувањата за личноста и делото на Господ Исус Христос

ДЕТЕТО ИСУС
Оноре де Балзак (1799 – 1850)

Јасли, вол и магаре! Каква палата, Боже мој, и каква запрега! Не можеме да кажеме дека се родил во раскош и ништо во сето тоа не личи на величина на некое Царство. Но сепак, не можеме да се срамиме од предметот на своето обожување. Ние обожуваме Дете, но тоа Дете постаро е од сите времиња. Тоа било тука и имало удел во создавањето на светот. Ништо не е направено без Него, почнувајќи од првиот потег на скицата од тој голем цртеж, па сè до последното парче на неговата градба. Ова Дете направи да замолчат пророштвата уште пред да проговори. Им ги затворил устите на демоните, уште додека бил во скутот на мајка си. Неговата лулка стана смртоносна за незнабожечките олтари и храмови, и ги разниша темелите на идолопокпонството, ги разруши престолите на земните цареви. Овој Човек Кој што му беше ветен на човештвото, Кој беше баран од пророците, Кого Го очекуваа народите, Овој Човек, Кој што слезе од Небесата, ги изгони и истреби незнабожечките богови од земјата.

Оноре де Балзак (1799-1850)

 

НАПИШАНОТО ОД ИСУС

Исус сакал да пишува со прст по земјата. Кога бил во пустината пишувал по камените блокови, а каменот под Неговиот прст станувал мек, како растопено злато. И, она што го напишал останало неизбришано за вечни времиња, само што луѓето тоа не можат да го видат, како што патникот не може да ја види големата планина, кога ќе се доближи сосема до неа. Меѓутоа, од ѕвездите што ја окружуваат земјата, напишаното се чита многу добро. Тоа свети како да стои „извезано“ со брилјанти. И сето тоа што е напишано, расфрлано по разните краишта на пустината, гласи едно исто: Сакајте се меѓу себе!

Р. К. Устмедведски

 

ЛИЧНОСТА НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Ако постои суштество во кое се собрани сите свештени тајни на Небесата и сите тажни тајни на земјата, тогаш тоа Суштество е Исус од Назарет. Сè што е небеско, од онаа страна, метафизичко, божествено, во Него ја постигнало својата земна, од оваа страна, физичка реалност. Преку Него невидливото станало видливо, небеското – земно, божественото – човечко, она што е од онаа страна да е од оваа страна, трансцендентното – иманентно, Бог -Човек. Сите тајни на Небесата и земјата така чудно се задружени, вљубени, што е неосетен преминот на она што е од онаа страна, во она што е од оваа страна, на метафизичкото во физичкото, натприродното во природното, на божественото во човечкото. Сите Тајни на Бога и сета тајна на човекот се воплотиле во Него; сиот Бог и сиот човек се овоплотил во Него и тоа е она што Го направи исклучителна Личност, Личност Која не може да се повтори во ниеден свет. Како таков, Тој е чудо, најголемо чудо во сите светови, чудо како за луѓето така и за ангелите. А ако и ѓаволите се чудат на нешто, се чудат на Бога во тело. Затоа Тој е „единствено ново под Сонцето“.

 

ИСУС ХРИСТОС – ЧУДО ВО ИСТОРИЈАТА

Без пари и оружје, Исус покорил повеќе милиони луѓе отколку Александар Македонски, Цезар, Мухамед и Наполеон; без научни знаења и подготовка, Тој ги осветлил човечките и Божјите дела повеќе отколку сите учени и философи земени заедно: без секаква обука во беседништво Тој произнесол такви беседи за животот, какви што никогаш никој, ниту пред, ниту по Него не произнесувал и не предизвикувал таков впечаток; Тој ја надминува силата на кој и да било оратор или поет; не напишал ниту еден ред, но во движење ставил милиони писатели и им дал теми за проповеди и состави за дела на писателите и уметниците, сторил повеќе од сите луѓе кои биле највидни во сите времиња. Роден во јасли и распнат на крст како разбојник, денес ја движи судбината на цивилизираниот свет, кој опфаќа една третина од жителите на сета земја и господари во духовното царство. Во тој однос Христос стои изолирано меѓу хероите во историјата и им се претставува како неразрешлива гатанка, ако не допуштиме дека Тој бил повеќе од човек, имено дека бил Син Божји.

П. Шаф, герм. мислител

 

ХРИСТОС – КАМЕН – ТЕМЕЛНИК НА СВЕТОТ
Џовани Папини (1881-1956). итал. писател и новинар, академик

Темелен камен е Христос Господ. Јуда падна на тој камен и се разби. Ирод падна на тој камен и се разби. Јулијан Отстапник падна на тој камен и се разби. Ариј, еретикот, падна на тој камен и се разби.

Модерните ругатели и негатори на Христа паѓаат на тој камен и се распарчуваат како грнчарски садови.

На Содом и Гомор падна тој камен и Содом и Гомор беа уништени. На Мисир падна тој камен и тој беше уништен. На Ерусалим падна тој камен и тој беше разурнат. На еврејскиот народ падна тој камен и еврејскиот народ беше распрснат низ целиот свет. На многу грешни колена и цареви падна тој камен и тие се распаднаа во прав и пепел…

Дворот на Ирод лежи во урнатини, а пештерата на Витлеемскиот Младенец стои. Круните на царевите се изгубени, а коските на мачениците се зачувани. Палатите на незнабожечките цареви се разурнаа и се претворија во купишта камења и прав, а пештерите на испосниците израснаа во прекрасни храмови. Златните идоли се распаднаа и се претворија во ништо, а оковите на Свети Петар се чуваат како светиња. Силната римска држава сега е само приказна за мртовец, додека колибата христијанска – Светата Црква е најсилната држава на светот. Каде се иродовците – богоубијците? Расфрлани по светот. Каде се Римјаните?

Во гроб. Каде е силата на крвавиот Нерон? Каде е силата на лошиот Диоклецијан и Подлиот Максимилијан?…

 

ХРИСТОВИОТ СПОМЕН Е НАСЕКАДЕ

Христовиот спомен е насекаде. Врз ѕидовите на црквите и училиштата, по врвовите на црковните кубиња и камбанарии, по височините и параклисите, над леглата на милиони гробови. Милиони крстови нè потсетуваат на смртта на Распнатиот. Искорнете ги фреските по црквите, исфрлете ги сите слики и икони од куќите и олтарите, животот на Христа пак ќе ги исполнува музеите и уметничките галерии. Фрлете ги во оган сите свети книги, требници, псалтири, служебници, евколози, пак ќе го најдете Неговото име во светската литература. Дури и погрдните зборови за Него, зборуваат во Негов спомен.

Џовани Папини (1881-1956). итал. писател и новинар, академик.