Добитникот на Нобеловата награда, професорот доктор по медицина Алексис Карел, ја нарекува молитвата најмоќниот облик на енергија. Според него тоа е сила еднаква на силата на земјината тежа. После него познатиот американски научник др. Х.Ј.Стовел, во едно чудесно откритие, ја измерил моќта на молитвата.
Бев циничен атеист…Еден ден работев во големата патолошка лабараторија на една клиника. Се бавев со задача како да ја измерам брановата должина и јачина на зрачењето на човечкиот мозок.
Сакавме да истражиме што се случува во човечкиот мозок кога човекот преоѓа од живот кон смрт. Избравме една жена која боледуваше од смртоносен рак на мозокот. Жената беше духовно, психички потполно нормална. Гледајки воопштено, токму нејзината животна ведрина беше изненадувачка, покрај нејзинота безнадежна телесна состојба. Знаевме дека е пред смрт. И таа тоа го знаеше. Исто така знаевме дека се работи за жена која живееше со вера во Спасителот Христос.
Непосредно пред нејзината смрт, сместивме во нејзината соба високо осетлив апарат за снимање. Тој апарат требаше да ни покаже што се случува во нејзиниот мозок во последните минути. При тоа на креветот сместивме уште и мал микрофон за да можеме да слушнеме што зборува, ако воопшто сеуште можеше да даде било каков знак за живот.
За тоа време ние се сместивме во соба до нејзината. Бевме петмина трезвени научници. Меѓу нас јас бев најтрезвен и најтврд. Полни со исчекување и внатрешна напнатост, стоевме под своите инструменти. Стрелката стоеше на нула и можеше да покажува се до 500 степени во позитивно вреднување на десно и 500 степени во негативно вреднување на лево. Пред некое време, со помош на истиот апарат, ја меревме емисијата на една радио станица чија што програма беше испратена во етерот со јачина од 50 kW. Се работеше за порака која мораше да биде пренесена околу целата земјина топка. Со тоа мерење востановивме вредност од девет степени позитивно мерење.
Ни се причини дека на болната и дојде последниот миг. Одеднаш зачувме како почна да се моли и да го слави Бога. Го молеше Бог да им прости на сите луѓе кои во животот и направиле неправда. Тогаш ја изрази својата цврста вера во Бога со зборовите:
„Знам дека Ти си единствен доверлив извор на сила за сите Твои созданија и тоа и ќе останеш“.
Му заблагодаруваше за силата со која Ја носел целиот нејзин живот, како и за сигурноста што смее да биде Негова сопственост. Му сведочеше дека нејзината љубов кон Него и покрај своето страдание, не се намалила. Во моментот кога зборуваше за простувањето на своите гревови преку Исусовата жртва, од нејзините зборови одекнуваше неопислива среќа. Конечно, ја зафати радост при помислата дека наскоро ќе смее да го гледа својот Искупител.
Потресени стоевме пред својот апарат. Веќе и заборавивме дека всушност сакавме да истражуваме. Се погледнавме и при тоа не се срамевме од своите солзи. Толку бев обземен од тоа што го слушнав, што морав да плачам, така како што од своето детство не сум правел.
Изненадно, додека жената сеуште се молеше, слушнавме на својот апарат некој звук кој што тропаше. Кога погледнавме, видовме дека стрелката покажуваше 500 степени позитивно и непрестано удираше на границата на апаратот.
Нашите мисли се престигнуваа една со друга. Со техничкото мерење сега по прв пат ја откривме неверојатната реалност: мозокот на жената што умираше, која со молитвата беше соединета со Бога, разви сила која беше 55 пати посилна од силата на зрачењето на онаа светска радио станица!
Во тој миг почна да се руши мојот атеистички поглед на свет. Стоев пред лицето на сезнајниот Бог. Ми се виде потполно смешно моето неверие. Така станав среќен Христов следбеник…
Од книгата: „Помош од одондестраноста – што може молитвата“, Rhom Verlag, Bietigheim
Преземено од Премин Портал