За гневот

Биди кроток и немој да се гневиш, зашто гневот е резултат на себичноста и самоволието… Кога некој ќе се разгневи неговиот ум ја губи својата разумност. Тој поради тоа го губи смирението и се согласува на изговарање несоодветни зборови.

Светите отци сите страсти ги споредувале со труење, а тоа особено важи за гневот. Кога човекот е затруен, тој го губи своето достоинство и пред сите се покажува како неразумен, а истото се случува и кога ќе се разгневи нервозен човек.

Кога некој за нешто те осудува, без разлика дали праведно или заради неодмереност, воздржи се и потисни ја внатрешната вознемиреност, затвори ја устата и започни во себе да кажуваш молитва. Истиот момент ќе согледаш дека ѕверот е задушен…

Кога ќе помине гневот, треба да сфатиш дека ти си тој што го потхранува, и дека доколку не се бориш, следниот пат ќе биде уште посилен. Меѓутоа ако го задушиш веднаш штом се појави, на начинот што погоре го спомнавме, ќе видиш дека го изгладнуваш, и следниот пат кога ќе се појави ќе биде послаб, а потоа уште послаб и со тек на време твојот гнев ќе биде целосно излекуван.