За упорноста

Покрај славниот Нектариј, Егина побожно го чува споменот на уште еден голем Старец – Јероним Исихаст. Во своите поуки тој често зборувал за упорноста и своите чеда ги советувал на трпение и упорност во сите нивни духовни борби: во молитвата, испитанијата, неволјите и сѐ она што Бог го допушта за наше спасение:

„Секој човек ќе се спаси во зависност од неговата желба и борба која ја води. Труди се да ги пазиш заповедите Божји. Копај длабоко во себе. Еден младич отиде да учи, да стане мудар, но не му одеше. Му беше тешко и се врати назад. Враќајќи се, виде на патот близу до едно село, една жена како вади вода од бунар. Ѝ се доближи и забележа дека јажето со тек на време го беше издлабило каменот. Си помисли: ’па кога и каменот попуштил пред јажето зошто и јас да не можам да станам мудар?‘ Реши да се врати и да продолжи со учењето. Така и ти, имај силна волја, имај трпение и упорност во борбата и ќе се спасиш“.