Потребни состојки:
- 1 кг. риба (шкрапина или ослич)
- 1 кг. компири
- 200 гр. кромид
- ½ главица лук
- 2 јајца
- 20 гр. зачин за плескавици (Фант)
- Масло
- Зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
- Сол
- Црн бибер
- Буковец
- 3 ловорови листа
Начин на подготовка:
Рибите добро се мијат и се варат околу 5′-10′, се додава ловоровиот лист и 2 кафени лажички зачин. Убаво измиени компири се варат во друг сад (да бидат тврдо варени), па откако ќе се изладат се лупат и рендаат на крупно. Сварената риба се лади и внимателно се чисти од кожата и коските. Исчистената риба се зачинува по вкус со зачин, сол, црн бибер, буковец и фант, добро се промешува и во неа се додаваат ренданиот компир, кромидот, лукот (претходно ситно исечкани) и јајцата. Откако сето тоа добро ќе се соедини и смесата стане хомогена, се обликуваат ќофтиња или ќебапи. Се пржат во тефлонска тава со малку масло, па откако ќе се испржат се оставаат на салфета 3′-5′, за да се впие вишокот од маслото.
Прилог:
Овие ќофтиња можат да се комбинираат во тава со кромид. За тоа е потребно:
• 2 кг. кромид
• 3 црвени суви пиперки
• Масло
• Црн бибер во зрна
• Сол
• Зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
• 3 ловорови листа
Начин на подготовка:
Кромидот се сечка на поголеми парчиња и се пропржува во малку масло. Потоа се додаваат исечкани суви пиперки и се зачинува со црн бибер, сол, зачин, ловоров лист. Се става во тава и се динста во рерна околу 1 час на температура од 180°C. Потоа се додаваат ќофтињата и се пече уште 30′.