Традиоционална Охридска пита (Комад)

Охридска пита (Комад)

Традиоционална Охридска пита (Комад)

Вид на јадење Појадок
Кујна Македонска
Клучни зборови Пита
Време за припрема 7 часа
Време на подготовка 1 час
Отстинување 30 минути
Вкупно време 8 часа
Сервирање 4

Сосотојки

  • 800 гр. брашно Тип - 400
  • 400 мл вода ладна
  • 10 гр. сол
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лаж. оцетна киселина
  • 3 лаж. масло
  • 250 гр. маргарина Кристал

Фил смеса

  • урда или сирење
  • 3 јајца
  • 180 мл. јогурт
  • праз свеж

Начин на подготовка

Подготовка на тестото

  1. Во длабок сад за месење се става брашното, водата, солта, прашокот за пециво, оцетната киселина и маслото. Се замесува тестото со идеална мекост и се дели на два еднакви дела. Се остава тестото да стои околу 15 минути на собна температура. Покриено со најлонска кеса премачкана со масло.

  2. Откако ќе откисне се расукува едниот дел од тестото во правоаголна форма и половина од маргаринот се нанесува на тестото со помош на нож. Откако ќе се премачка се остава малку маргарин на ножот (третина од половина маргарин). Тестото со маргарин се посипува со брашно. Се преклопува тестото од горниот и од долниот крај рамномерно до половината. Превртените делови се допремачкуваат со маргаринот што остана на ножот и исто се посипува со брашно. Потоа се преклопуваат краевите од лева и десна страна исто до половината. Истата постапка се повторува и со другото тесто.

  3. Двете половини се ставаат на рамен сад, се покрива со најлон и се остава во фрижидер најмалку 6 часа.

Подготовка на питата

  1. Откако ќе отстои тестото во фрижидер се развлекува на рамна површина посипана со брашно. Се развлекува до степен да излегува по 3-5 цм од краевите на плехот за печење за да може подоцна да се затвори. Плехот го премачкуваме со тенок слој на масло.

  2. Го положуваме размесената кора во плехот и го редиме зајрето по вкус од горе наведените состојки за фил смеса. Прво се реди урдата или сирењето, потоа јајцата или празот.

  3. Понатаму го размесуваме и другиот дел од тестото и истото го положуваме во плехот за печење во форма на бранови. Со краевите кои претходно ги оставивме ги враќаме во внатрешната страна од плехот правејќи ги во виткана форма. Тестото го дупчиме со виљушка на сите страни. Посипуваме со масло и ставаме сусам по желба.

  4. Вака приготвената пита ја печеме на 240 °C 13 минути, потоа ја намалуваме печката на 200 °С се додека питата не се оддели од долниот дел на плехот.

  5. После печењето се остава околу пола час покриена со ткаенина за да омекне и да биде повкусна за јадење. Се сече на парчиња и се служи со кисело млеко или јогурт.

Забелешка

Можете да правите повеќе комбинации со фил смесата. Предлог комбинации се:

  • урда, јајца и јогурт
  • урда, јајца и праз