Плескавици од компири

Потребни состојки:

  • 600 гр. компири
  • 150 гр. сирење
  • 100 гр. печурки
  • 2 јајца
  • Масло
  • Зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
  • Црн бибер
  • Лебни трошки (презла) или пченкарно брашно (по потреба)

Начин на подготовка:

Компирите се мијат и се варат. По варењето се лупат и се рендаат на крупната страна од рендето. Се оставаат да се изладат и потоа се додаваат сирењето, печурките и зачините. Смесата се меси додека не стане хомогена. Од оваа смеса се обликуваат десетина плескавици и се потопуваат во добро изматени јајца, па во лебни трошки или пченкарно брашно. Се пржат во претходно загреано масло, сѐ додека не добијат златеста боја. Потоа се вадат и се оставаат да се исцедат во рамен сад покриен со салфетки.