Коливо на манастирски начин

Потребни состојки:

  • 500 гр. пченица
  • 1 пакетче цимет
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • кора од лимон
  • кора од портокал
  • 200 гр. презла
  • 200 гр. суво грозје (или друго суво овошје)
  • 200 гр. мелени ореви

Начин на подготовка:

Пченицата се вари во вода 10′-15′. Потоа, заедно со водата, се завиткува во подебело платно и се остава да отстои на топло околу 5-6 часа. Откако пченицата добро навари, се мие и се остава да се исцеди. Потоа се претура во подлабок сад и тогаш ѝ се додаваат: канелата, ванилиниот шеќер, презлата, сувото овошје, оревите и ренданата кора од лимон и портокал.

Се засладува по желба со шеќер или мед.

Се декорира на различни начини.