Потребни состојки:
- 500 гр. пченица
- 1 пакетче цимет
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- кора од лимон
- кора од портокал
- 200 гр. презла
- 200 гр. суво грозје (или друго суво овошје)
- 200 гр. мелени ореви
Начин на подготовка:
Пченицата се вари во вода 10′-15′. Потоа, заедно со водата, се завиткува во подебело платно и се остава да отстои на топло околу 5-6 часа. Откако пченицата добро навари, се мие и се остава да се исцеди. Потоа се претура во подлабок сад и тогаш ѝ се додаваат: канелата, ванилиниот шеќер, презлата, сувото овошје, оревите и ренданата кора од лимон и портокал.
Се засладува по желба со шеќер или мед.
Се декорира на различни начини.