Потребни состојки:
- 500 гр. шпагети
- 250 гр. свежи печурки
- 100 гр. маслинки
- 200 мл. домата
- 2 лажици сенф
- 3 лажици таан
- 150 гр. сецкани ореви
- 2 лажички зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
- Бибер
- Сол
Начин на подготовка:
Во длабок сад се става 3 л. вода, зачин од зеленчук и сенф, а откако ќе зоврие водата, се ставаат шпагетите да се сварат. Откако ќе се сварат, тие се цедат и се враќаат во садот. Во меѓувреме се сецкаат и обаруваат печурките, па се блендираат и со таа смеса се полеваат шпагетите. На маслинките им се отстрануваат семките, се сецкаат и се додаваат во шпагетите, се додава доматата, истолчените ореви, растворениот таан, и на крај се додава сол и бибер по желба.