Немој да го мразиш грешникот!

Немој да го мразиш грешникот, бидејќи сите ние помалку или повеќе сме виновни. И ако случајно за благодатта Божја тргнеш против него, подобро оплакувај го. И зошто го мразиш? Можеби неговите гревови ги мразиш? Но, да се молиш за него за да се уподобиш на Христа, Којшто не негодуваше против грешниците, туку се молеше за нив. Зарем не гледаш како плачеше за Ерусалим? И ние за многу нешта биваме исмејувани од ѓаволот. Зошто тогаш го мразиме оној кој бил исмеан, како и ние многу пати од ѓаволот кој нѐ мами? Зошто, човеку мој, го мразиш грешникот, дека небаре не е „праведник“ како тебе? И каде е твојата „праведност“ кога немаш љубов? Ако пак имаш љубов, зошто поскоро не пллачеш за него, туку го осудуваш? Постојат некои коишто се придвижени од незнаење и се побунуваат, мислејќи дека така стануваат „разборити“ над делата на грешниците. И покрај сето ова, стани проповедник на добрината Божја; зашто иако си грешник Бог те води со љубов, и иако имаш еден голем долг поради твоите гревови, Бог не те осудува, но и за најмалите добри дела што ги правиш, ти дава големи исплати…


Извадок од книгата: Ἰσάακ τοῦ Σύρου, Τὰ σωζόμενα ἀσκητικά, Θεσσαλονίκη 1995 (φωτοτυπικὴ ἀνατύπωσις τῆς ἐκδόσεως 1871), Λόγος 60ος.