Образование и воспитание

Кога зборуваме за иднината на човештвото, не можеме, а да не се запрашаме како живеат нашите деца и какви знаења стекнуваат. Не смееме да го заобиколиме прашањето за нивната иднина, зашто тие и се нашата иднина.

„Школите, училиштата, Универзитетите, сите тие институции се нарекуваат ’образовни‘. Но, да се запрашаме што таму се подразбира под поимот ’образование‘. Сѐ до денес, тоа генерално се сфаќа како пренесување на одреден систем на знаења, но не и воспитание.

Ако етимолошки го разградиме терминот ’образование‘, тој би значел: формирање образ. И не каков било образ, туку образот Божји. Тоа може да се случи со меѓусебна соработка на знаењето и воспитанието; многу комплексно нешто кое не дозволува да се отфрли, ниту, пак, да се оддели едно од двете. Можам да ги повторам зборовите на познатите философи: на пример францускиот писател и филозоф, Мишел де Монтен, напишал: ’Онаму, каде што не постои наука за доброто, секоја друга наука прави штета‘. Нему му се придружува и Дмитриј Иванович Менделеев, кој вели: ’Знаење без воспитание – тоа е меч во рацете на безумниот‘. А Михаил Василевич Ломоносов рекол: ’Целта на учењето не е збир на знаење, туку правилен начин на размислување и морално образование‘.

Затоа, да не им овозможуваме на младите луѓе само одредено знаење (јас не зборувам против современите научници и нивната наука), туку за она што ѝ недостасува на науката. Човекот може да има високо образование, но да не го поседува образот Божји. Ако оваа состојба продолжи во образованието, тогаш иднината на човештвото ќе биде многу тешка, оти тогаш општеството ќе биде содржано од лица без јадро, без содржина, без образ Божји“.