Дали јогата е безопасна?

А. Телесни ризици

1. Самата Американската асоцијација за Јога забранува јога за деца,бремени жени и доилки мајки, забележувајќи дека „е особено опасно за бремените жени да практикуваат јога вежби, поради опасноста од потенцијална васкуларна воздушна емболија“1 . Исто така, многу наставници по јога, како и Американската асоцијација на јога нагласуваат дека практикувањето јога е опасно по здравјето кај децата под 16 години.

2. На различни интернет страници за јога се нагласуваат повеќе опасности за респираторниот систем на оние кои ги практикуваат јога-вежбите за дишење: хипервентилација, повреди на дијафрагмата и други респираторни мускули и оштетување и распаѓање на пневмоните2 .

Б. Духовни ризици

1. Психијатриските студии укажуваат на психијатриски компликации од медитација3 и сериозни студии на специјализирани психолози именуваат различни штети, кои се јавуваат кај луѓето кои практикуваат медитација: ненадејно губење на свеста, анксиозни напади, проблеми во помнењето, недостаток на расудување, несоодветни и неповрзани емоционални испади, долготрајна емоционална неурамнотеженост, болки во мускулите, грчеви, напади, визуелни халуцинации, итн4 . Научните истражувања покажуваат дека луѓето кои медитираат, го загрозуваат своето физичко, ментално и психичко здравје.

2. Јога не е гимнастика, туку духовен пат, кој согласно истражувањата на експертите, но и на познатиот гуру Razni, може да доведе до „привремено или трајно губење на разумот“.


1. www.americanyogaassociation.org/general.html
2. www.yogatohealth.com/Being_Aware_Of_Yoga_Breathing_Dangers.html
3. Epstein Mark & Lieff Jonathan, “Psychiatric Complications of Meditation Practice”, in The Journal of Transpersonal Psychology, vol. 13, no 2, 1981.
4. Singer Thaler Margaret, Cults in Our Midst -The Continuing Fight Against their Hidden Menace, John Wiley, 2003, chapter 6