Страсната Седмица низ песнички за деца

Велика Среда

Жената грешница го помазува Господа со миро

 

Тоа е денот

на Христовото помазание,

пред да се случи

од Јуда предание.

 

Жената мироносица,

со солзи покајнички,

нозете ги изми

на Христа Божествени.

 

А Јуда Искариотски

Го предаде Христа

на Неговите непријатели

за триесет сребреници

 

Два настани важни

на Велика Среда – 

Бог и покајанието

и предавството го гледа.

 

Милостив е Господ

за тие што се каат,

а предавниците само

за темнината ќе знаат.

 

Велики Четврток

 

Господ Исус Христос им ги мие нозете на Своите ученици

Да чекори започна

Христос кон Голгота,

за да биде распнат

за Својата чистота.

 

Кај Пилат Го однесе

народот неверен,

да биде казнет

зошто беше Праведен.

 

Откако нозете ги изми

на Своите апостоли

и со крајно смирение

нив ги послужи.

 

Со леб како симбол

на Неговото пречисто Тело,

со вино во знак

на Неговата пречиста Крв.

 

Тајната Вечера – Роденден на Светата Литургија

Христос Себеси се раздава

на Тајната вечера,

Велики Четврток е роденден

на Светата Литургија.

 

Издаден од Јуда

и трипати одречен од Петар

после тајната вечера беше

крунисан Јудејскиот Цар.

 

„Ти си цар Јудејски?“

Го прашува Пилат,

а Христос одговара:

„Ти велиш!“

 

Толпата народ неверен

да се распне Христос бара,

а Христос со смирение

ништо не одговара.

 

Смирено ја прифаќа

грубоста од мноштвото,

трпеливо остава

да се исполни пророштвото.

 

Велики Петок

Распетието Христово

 

Му ставија венец

и Го биеја Оној

Кој врз Себе ги зеде

гревовите на светот.

 

Чекори Исус

кон Своето распетие

со Крстот на рамо

и крвави рани.

 

Со крајно смирение

ја извршува волјата

на Својот Отец,

без да се брани.

 

Распнат е на Крст

заедно со двајца разбојници,

Христос Невиниот,

Најмилиот, Најчистиот.

 

На едниот што Му се потсмева

Христос му прости, од срце,

а го зеде при Себе оној што рече:

„Христе, сети се на мене!“

 

О, колку е болно!

Пресвета Богородица Го оплакува Христа

Исус на крстот издивнува,

од болка за Него

и небото потемнува.

 

Огромна е болката

на Марија Дева

за Синот Единороден,

на Оца Единосуштен.

 

Јагнето Божјо на Крстот

се жртвува за нас,

без да се противи,

без да пушти глас.

 

Велика Сабота

 

Христовата Плаштаница

Погребен е Оној

Кој беше распнат

и со Својата крв ги изми

гревовите на светот.

 

Ден на тишина

тивка, мачна,

ден на покојот

на Христа покојникот.

 

Марија Дева

Синот Го оплакува

додека Христос

во гробот пребива.

 

Оплакување на Христа

Втор ден на молк,

тага и жалост,

ден на длабоко молчание,

пред гробот на Христа поклонение.

 

Ден кога Христос

слезе во адот

и ги отвори

портите на рајот.

 

Ден на свештен трепет

и исчекуванието,

ден помеѓу смртта

и Воскресението.

 

Воскресение Христово – Велигден

 

Воскресение Христово

И дојде Марија Магдалена

на Гробот на Христа,

а Исус Христос ѝ се јави

воскреснат од Гробот.

 

Со јајце црвено

отиде кај Тибериј

и го поздрави со зборовите:

„Христос воскресна!“

 

Воскресна на третиот ден

според Писмото

и на небо се издигна

и седна оддесно на Оца.

 

Отец Партениј со Благодатниот Оган

И пак ќе дојде на земјата

со сиот Свој сјај,

да им суди на живите и мртвите

и Неговото Царство не ќе има крај.

 

Благословен е Бог,

и благословен е Плодот

од утробата на Марија Дева

Исус Христос што Го роди

во Витлеемската пештера.

 

Кој беше неправедно осуден,

Кој беше мачен и распнат,

Кој воскресна на третиот ден

и Чие Воскресение е суштина

на нашата христијанска вера.

Воскресение Христово – Пасха во Бигорски

Автор на песните: Наташа Наумоска