Потребни состојки:
Пандишпан 1:
- 500 гр. брашно
- Пециво
- 12 супени лажици шеќер
- 5 кесички ванилин шеќер
- 2 супени лажици какао
- Пудинг од чоколадо
- 100 гр. презла
- Чоколадни лушпи (по желба)
- 100 гр. чоколадо за готвење (растопено)
- Кора од портокал
- 100 мл. масло
- Кокосово млеко во прав, растворено со 500 мл. вода (по желба)
- Сок од портокал
- Прелив од јагода
Пандишпан 2:
- 500 гр. брашно
- Пециво
- 12 супени лажици шеќер
- 6-7 кесички ванилин шеќер
- Пудинг од ванила
- 100 гр. кокос (по желба)
- 4-5 супени лажици кокосово млеко во прав
- 100 гр. презла
- 100 мл. масло
- Кокосово млеко во прав, растворено со 500 мл. вода (по желба)
- Прелив од јагода
Фил 1:
- 3 Пудинзи од чоколадо
- 10 супени лажици шеќер
- Ванилин шеќер
- 10 супени лажици кокосово млеко во прав
- 800 мл. вода
- 200 гр. чоколадо за готвење
- Маргарин
- 250 гр. шеќер во прав
Фил 2:
- 3 пудинзи од ванила
- 10 супени лажици шеќер
- Ванилин шеќер
- 10 супени лажици кокосово млеко во прав
- 800 мл. вода
- 100 гр. кокос (по желба)
- Маргарин
- 250 гр. шеќер во прав
Начин на подготовка:
Се мешаат сите состојки за пандишпанот (без преливот од јагода и сокот од портокал), смесата се става во плех и се пече на температура од 180-200°С. Истото се прави и со вториот пандишпан.
Во 600 мл. вода го додаваме кокосовото млеко и шеќерот и ги ставаме на оган. Кога ќе почне да врие, се додава пудингот од ванила, претходно изматен во 200 мл. вода, како и ванилиниот шеќер. Пудингот се вари со постојано мешање, додека да стане густ. Во пудингот по желба се додава кокос. Маргаринот се мати со шеќерот во прав и со матење му се додава изладениот пудинг.
На ист начин се прави и чоколадниот пудинг и откако ќе се тргне од оган, се додава и чоколадото за готвење, додека е сѐ уште врел. Кога ќе се излади, се додава на претходно изматениот маргарин.
Првиот пандишпан се полева со сок од портокал, се премачкува со прелив од јагода, па се филува со чоколаден пудинг, врз него се става вториот пандишпан, кој исто така се премачкува со прелив од јагода и потоа се филува со ванила пудинг. Се поросува со кокос.