Потребни состојки:
- 2 шолји гриз
- 1 шолја масло
- 2½ шолји шеќер
- 4 шолји вода
- ½ шолја суво грозје
- 250 гр. ореви
- Цимет
- Кора од портокал
Начин на подготовка:
Во длабок сад се загрева маслото и во него се пржи гризот додека не стане светло кафеав. Садот се трга од оган и покрива со влажна крпа.
Потоа се подготвува шербетот: Водата се врие со шеќер, се додава кора од портокал и цимет и се остава малку да поврие дури шербетот да стане густ.
Потоа шербетот се додава во гризот, се додава исецканиот орев и сувото грозје и се вари сè додека водата потполно не испари и додека не стане тешко за мешање. Алвата се става во калап или во длабоко тавче и се остава убаво да се излади.