Манастирска гриз алва

Потребни состојки:

  • 2 шолји гриз
  • 1 шолја масло
  • 2½ шолји шеќер
  • 4 шолји вода
  • ½ шолја суво грозје
  • 250 гр. ореви
  • Цимет
  • Кора од портокал

Начин на подготовка:

Во длабок сад се загрева маслото и во него се пржи гризот додека не стане светло кафеав. Садот се трга од оган и покрива со влажна крпа.

Потоа се подготвува шербетот: Водата се врие со шеќер, се додава кора од портокал и цимет и се остава малку да поврие дури шербетот да стане густ.

Потоа шербетот се додава во гризот, се додава исецканиот орев и сувото грозје и се вари сè додека водата потполно не испари и додека не стане тешко за мешање. Алвата се става во калап или во длабоко тавче и се остава убаво да се излади.