Потребни состојки:
- 1,2 кг. компир
- 250 гр. сирење
- 250 гр. кашкавал
- 12 јајца
- 250 гр. печурки (маринирани)
- Зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
- Црн бибер
- Масло
Начин на подготовка:
Компирите се мијат, се варат и откако ќе се подизладат, се лупат и се рендаат на крупно во длабок сад. Настрана тврдо се варат 6 јајца, па се лупат и се рендаат во друг сад. И сирењето и кашкавалот се рендаат во посебни садови.
Длабок плех се намастува со малку масло и на дното се става 1 лажичка зачин и малку црн бибер. Потоа се покрива со малку подебел ред компири, па ред сирење, ред јајца, ред печурки, ред кашкавал, сето тоа се повторува и се завршува со потенок ред на компири, се попрскува со масло и се пече во рерна на температура од 200°C околу 45′. Во меѓувреме се матат останатите јајца се додава ½ лажиче зачин и малку црн бибер, се полева мусаката и се пече уште дополнителни 15′ на температура од 150°C.
*По желба, компирите наместо рендани, може да се стават сечени како за обична мусака.
Прилог: може да се сервира со павлака или со таратур салата.