Леќа на вода

Потребни состојки:

  • 400 гр. леќа
  • 2 моркови
  • 1 кромид
  • ½ главица лук
  • 1 парче праз
  • 1 пиперка
  • 2 лажици таан
  • ½ лажичка буковец
  • 2 ловорови листа
  • 1 лажичка зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
  • Бибер
  • Оригано
  • Сол

Начин на подготовка:

Измиената леќа се вари на тивок оган, во длабок сад, заедно со кромидот, лукот, празот, исчистените моркови и пиперката, исечкани на покрупни парчиња. Кога леќата ќе почне да омекнува се вади сварениот зеленчук заедно со малку вода и се пасираат или блендираат, се додава таанот, претходно растворен со вода од леќата. Сето тоа се враќа во леќата се додава буковец, ловоров лист, зачин, малку бибер, оригано и сол по вкус, и се остава да врие сè додека леќата не се свари.