Потпечени лепчиња со печурки

Потребни состојки:

  • 500 гр. печурки
  • 250 гр. кисела павлака
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 стар леб
  • 100 гр. кашкавал
  • 2 лажици брашно
  • Зачин по вкус: сол, бибер, вегета, црвен пипер
  • Малку масло

Начин на подготовка:

Во длабок сад се пржи во малку масло ситно исецканиот кромид, му се додаваат печурките, лукот и зачините по вкус. Се трга од огнот и кога ќе се излади се додава киселата павлака и брашното разматено во малку вода. Лебот се сече на кришки и се реди во подмачкан плех. Врз секое парче леб се става од подготвениот фил со печурки и најгоре се става тенко парче кашкавал. Лепчињата се запекуваат во релна околу 10′ на температура од 180°С.
Се служат топли.