Потребни состојки:
- 2½ литри вода
- 1 лажица таан
- 4 филџани шеќер
- 3 филџани ориз
- 1 лажица пудинг од ванила
- 200 гр. ананас или овошна салата
Начин на подготовка:
Во длабок сад, кога ќе зоврие водата се додава таанот претходно растворен, потоа се става шеќерот, па оризот и се вари сè додека оризот сосема не омекне. Во меѓувреме се раствора пудингот со малку студена вода и се додава во сутлијашот и се вари уште 5′. На крај, кога ќе се тргне од огнот, се додава и ананасот и добро се промешува.