Посен сутлијаш

Потребни состојки:

  • 2½ литри вода
  • 1 лажица таан
  • 4 филџани шеќер
  • 3 филџани ориз
  • 1 лажица пудинг од ванила
  • 200 гр. ананас или овошна салата

Начин на подготовка:

Во длабок сад, кога ќе зоврие водата се додава таанот претходно растворен, потоа се става шеќерот, па оризот и се вари сè додека оризот сосема не омекне. Во меѓувреме се раствора пудингот со малку студена вода и се додава во сутлијашот и се вари уште 5′. На крај, кога ќе се тргне од огнот, се додава и ананасот и добро се промешува.