Ошав

Потребни состојки :

  • 50 гр. суви сливи
  • 50 гр. суви смокви
  • 50 гр. свежи урми
  • ½ јаболко
  • ½ портокал
  • По желба може да се додаде ванилин шеќер, суво грозје, ореви, лимон.

Начин на подготовка:

Се сецкаат сливите, смоквите и урмите и се варат во 1 л. вода околу 30′. Потоа се додаваат сецканите јаболко и портокал и се варат заедно уште 10′.
Ова јадење традиционално се послужува во манастирите кога ќе заврши тримирот. Инаку, оваа традиција потекнува Студитскиот манастир од VIII век. Браќата од овој манастир собирале овошје, го сушеле и потоа од него го приготвувале ошавот.