Супа без масло

Потребни состојки:

  • 3 моркови
  • ½ кромид
  • ½ парче целер
  • 100 гр. печурки
  • 1 компир
  • 100 гр. карфиол
  • 100 гр. брокула
  • 1 лажица таан
  • 1 лажица пченкарно брашно
  • 2 лажички зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
  • Бибер
  • Сол
  • 2 ловорови листа
  • Магдонос

Начин на подготовка:

Морковот се чисти, едната половина се сече на ситни коцки, а другата половина се ренда на крупно, кромидот се сецка на ситно, истото се прави и со целерот и печурките. Исецканиот зеленчук се динста во трилитарски сад со малку вода. Ако е потребно, малку по малку се додава уште вода, сè додека зеленчукот не омекне, а потоа се додава зачинот и се динста уште 5′. Тогаш се става потребната количина вода (2-3 л.) и кога ќе зоврие водата се додава таанот, претходно растворен, и компирот исечен на ситни коцки. По десетина минути варење, се додава пченкарното брашно растворено со студена вода и брокулата и карфиолот исечени на ситни парчиња. На крај се зачинува со ловоров лист, малку бибер, сол по вкус, магдонос и се вари уште десетина минути.