Грав без масло

Потребни состојки:

  • 400 гр. грав
  • 2 моркови
  • 1 кромид
  • 1 праз
  • 1 пиперка
  • ½ чешне лук
  • 2 ловорови листа
  • 2 лажички буковец
  • 2 лажици таан
  • 1 лажичка зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
  • 1 лажичка нане
  • Бибер
  • Сол

Начин на подготовка:

Гравот убаво се мие и остава да стои во ладна вода околу 6 часа. Откако ќе се исцеди, се става во подлабок сад, се додава вода и ситно исецкан кромид, потоа морков, праз и пиперка и се остава да се вари на тивок оган. После 15′ варење, се додава претходно растворениот таан и буковецот. Откако гравот добро ќе се свари, се додава ситно исецкан лук, зачин од зеленчук, ловоров лист, нане, малку бибер и сол по вкус и се трга од оган.