Леблебија манџа

Потребни сoстојки:

  • 250 гр. непечена леблебија
  • 2 моркови
  • 1 кромид
  • 1 пиперка
  • 1 компир
  • ½ чешне лук
  • ½ лажичка буковец
  • 2 лажици таан
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица пченкарно брашно
  • 1 ловоров лист
  • 2 лажички зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
  • Домата
  • Оригано
  • Бибер
  • Сол

Начин на подготовка:

Леблебијата се мие и остава да стои во ладна вода, околу 12 часа. Потоа се цеди од водата и се става во длабок сад заедно со исецканите кромид, морков и пиперка да се вари на тивко околу 2 часа. Во меѓувреме се додава компирот, исецкан на ситни коцки и растворениот таан и се вари уште 30′. На крај се додава сенф, малку домата, ситно исецкано лукче, зачин, малку бибер, сол по вкус, ловоров лист, малку оригано и пченкарно брашно растворено со ладна вода. Се остава да повари уште 30′ и се трга од огнот.