Потребни состојки:
- 500 г. шпагети
- 400 г. кромид
- 250 г. печурки
- 250 г. соја трошки
- 200 мл. домата или доматно пире
- 200 мл. бело вино
- 2 лажици зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
- Бибер
- Сол
- Оригано
- Масло
Начин на подготовка:
Во длабок сад се става 3 л. вода, малку сол и малку масло и, откако водата ќе зоврие, се додаваат шпагетите и се варат колку што е потребно (колку што пишува на кесичката). Кога ќе се сварат, шпагетите се мијат со студена вода и се цедат. Кромидот се сецка на ситно, а сојата се прелива со врела вода, се остава пет минути да отстои и потоа убаво се цеди од водата. Во друг сад се загрева маслото и се пропржува кромидот, се додаваат печурките и се пржат сѐ додека не испари водата, притоа се зачинува и забиберува, па се додава сојата и се пржи околу дваесетина минути. Откако убаво ќе се испржи, се додаваат доматата, белото вино и ориганото и се динста уште десетина минути.