Потребни состојки:
Пандишпан:
- 250 гр. брашно
- Пециво
- 250 гр. шеќер
- Ванилин шеќер
- 2 супени лажици масло
- 1 шолја (200-250 гр.) печени лешници (излупени и мелени)
- 1 шолја (200-250 мл.) кисела вода
*Се печат два исти пандишпани
Фил 1:
- 4 пудинзи од ванила
- 12 супени лажици шеќер
- Ванилин шеќер
- 10 супени лажици кокосово млеко
- 1 л. вода
- 1 маргарин
- 250 гр. шеќер во прав
- Потпечени лешници по желба (доволно е половина шолја)
Фил 2:
- 4 пудинзи од чоколадо
- 12 супени лажици шеќер
- 10 супени лажици кокосово млеко
- 1 л. вода
- 100 гр. чоколада за готвење
- 1 маргарин
- 250 гр. шеќер во прав
- Потпечени лешници по желба (доволно е половина шолја)
Начин на подготовка:
Се мешаат сите состојки за пандишпанот, смесата се става во плех со хартија за печење и се пече на температура од 180-200°С, околу 20′.
Во 700 мл. вода го додаваме кокосовото млеко и шеќерот и ги ставаме на оган. Кога ќе почне да врие, се додава пудингот претходно изматен во 300 мл. вода, се додава и ванилин шеќер. Се остава на оган, со мешање, додека да згусне.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав, се додава изладениот пудинг и потпечените мелени лешници. Во чоколадниот пудинг се додава и чоколадата за готвење, додека е сè уште врел.
Првиот пандишпан се филува со ванила пудинг, врз која го ставаме вториот пандишпан и го филуваме со чоколадниот пудинг. Се поросува со мелени лешници!
*Ако е пост на вода, рецептот ќе биде без масло и маргарин.
*По желба во филот од ванила може да се додаде пасирана или сечкана банана за да се добие освежителен вкус.