Пред неколку години еден старец бил измачуван од болест и на крајот починал без да се пожали макар со еден збор.
По извесно време, неговиот ученик исто така се разболел и, бидејќи никогаш порано не бил болен, се воспаничил и бил спремен да се врати во светот и да побара лекар за да се излечи. Една ноќ, тој имал видение на сон, во кое неговиот старец му рекол:
„Чедо мое, ако сакаш послушај ме и не оди никаде. Биди трпелив. Јас не извлеков никаква полза од моите дела. Единствено болеста ми донесе полза тука. Затоа, остани во Градината на Пресвета Богородица и поднесувај ја својата болка. Твојата душа ќе има голема полза од тоа.“
По ова, ученикот почувствувал голема радост. Тој се охрабрил и станал трпелив. Како резултат на тоа, тој се радувал на својата болка, бидејќи си спомнувал за светите маченици.
Автор: Преп. Пајсиј Светогорец