Еден од основачите на бежичната телеграфија, италијанскиот физичар Џулиелмо Маркони (1874-1937) е удостоен со Нобелова награда во 1909 година „за својот придонес во развојот на безжичната телеграфија“.
Секој нов чекор на науката ни донесува нови и нови изненадувања и достигнувања. И сепак, науката е налик на слаба светлина од фенер, што свети сред огромна и густа гора, преку која човештвото со мака си пробива пат кон Бога. Само верата може да нѐ изведе до светлината и да ни послужи како мост помеѓу човекот и Апсолутното. Јас сум горд што сум Христијанин. Јас верувам не само како Христијанин, туку и како научник. Кога еден безжичен апарат може да пренесе во бескрајот некаква вест, колку повеќе, пак, човечкиот дух може преку молитва да испрати кон вечноста невидливи бранови, кои ја постигнуваат својата цел пред Бога.