Преподобна Теодора го видела рајското живеалиште на великиот Божји угодник Василиј Нови, кое било исполнето со голема слава, имало многу градини со златовидни лисја и прекрасни плодови. Ангелите кои ја воделе и го покажале рајот детално.
„Јас видов, раскажува таа, прекрасни населби и многубројни населби, подготвени за оние кои Го љубат Бога, преполни со слава и благодат. Ангелите ми ги покажаа посебните населби на апостолите, посебни на пророците, посебни на мачениците, посебни населби за секој светителски чин. Секоја населба имаше неискажлива убавина, широка и долга, би рекла, како Цариград, но неспоредливо поубава, со многу чудесни и пресветли палати. Во сите палати се слушаше глас на радост и духовна веселба, секаде се гледаа собири на оние кои празнуваа. Кога ме видоа, сите се радуваа поради моето спасение, ми излегуваа во пресрет и ме целиваа, славејќи Го Господа, кој ме избави од непријателските замки“
Од житието на Св. Василиј Нови