Еден млад свештеник, од архиерејот бил поставен на служба во некоја зафрлена планинска парохија. Тука се сретнал со клисарот Исидор, кого го викале Иса Јандал (јандал значи „мимо други луѓе“, како во песната „јандал од сватови“). Свештеникот започнал да го прашува клисарот за луѓето во својата нова парохија. А клеветникот Иса за никој не кажал убави зборови, сè најцрно. Те овој е крадец, другиот пијаница, коцкар, женкар, безбожник, разбојник, кривоклетник, непатриот, сè никакви и бесмислени луѓе. И само никакви и бесмислени жени, беззаконички. Само тој, Иса, ете се нашол во тоа трниште,како некој осамен бел крин. „Одамна, попе, мака мачам со овој расипан род, сега барем со тебе ќе ја споделувам маката“. Тоа го исплашило и многу го загрижило попот. Но, кога тој дошол во допир со луѓето, видел дека тоа се добри и побожни луѓе – чесен и мирољубив свет. Ништо од она што му го раскажувал клисарот не било вистинито. Од ден на ден, свештеникот сè повеќе се уверувал, дека неговите парохијани, сите освен Иса, се мили и благочестиви планинци.
Кога настапило времето на Чесниот Пост, во преполнетата црква, народот се подготвувал за Света Причест. По обичај, сите барале од свештеникот да се исповедаат.
Свештеникот застанал пред народот и објавил:
Браќа и сестри, не е потребно да се исповедате. Сите ваши гревови и кои се и кои не се, ми ги исповеда клисарот Иса, само тој не ги исповеда своите гревови. Затоа, сите пристапете да се причестите. Единствено Иса не можам да го причестам.
-
-
Воздвижение на Крстот, воздигнување на душите
- 27 септември 2026
-
Силата на Крстот – мирот Христов
- 27 септември 2026
-
Под краците на Крстот Господов во Рајчица
- 26 септември 2026
-
Кој не сака крст, нека не бара мир и спокој во себе
- 26 септември 2026
-
Евхаристиска полнота на Богородичното торжество во Пречиста
- 22 септември 2026
- Најчитани објави
-
На Рождеството на Пресвета Богородица – нова монашка рожба во Христа
- 21 септември 2026
-
Евхаристиска полнота на Богородичното торжество во Пречиста
- 22 септември 2026
-
Под краците на Крстот Господов во Рајчица
- 26 септември 2026
-
Кој не сака крст, нека не бара мир и спокој во себе
- 26 септември 2026
-
-
Воздвижение на Крстот, воздигнување на душите
- 27 септември 2026
Житија на светителите
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022











