Четврток од Шеста седмица на Великиот Пост – За човечката добродетел и познавањето на самиот себе

 

Св. Филарет Московски: Понекогаш видливите, но имагинарни добродетели му попречуваат на човекот да го види невидливиот, но реален грев.

Св. Тихон Задонски: Труди се да се спознаеш самиот себеси и тогаш многу ќе знаеш.

Св. Григориј Богослов: Сакаш да знаеш колку си станал добар? Испитај се себеси колку лош се чувствуваш. Колку посветол е твојот поглед, толку појасно ќе ја видиш славата Божја и својата гревовност.

Преп. Авва Исаија: Оној кој е понемарен кон себе, тој повеќе се смета себеси за угоден на Бога. Но тој што се грижи да се очисти себеси од страстите и беззаконите дела, се срами да ги подигне своите очи кон небото и кон Бога: бидејќи се гледа себеси многу далеку од Него.

Архимандрит Лазар Абашидзе: Добрите дела, извршени без вера, без Бога, се посветени на овој свет, од овој свет тие и добиваат плата: слава, чест и почит. На славата вечна, небесна, тие му се туѓи. А делата на верата имаат внатрешна посветеност на Бога, се творат со молитва, со обраќање кон Бога, и колку што може потаинствено, за да ги знае само Единиот Бог; таквите дела имаат помал надворешен впечаток, затоа ги прима Господ и ќе ги прослави нив во идниот живот.

Св. Игнатиј Брјанчанинов: Доброто на нашата падната природа е помешано со зло, како што е затруена вкусната и здрава храна кога ќе се помеша со отров. Внимавај да не правиш добро од својата падната природа! Правејќи такво добро ќе го предизвикаш својот пад, ќе си создадеш самомнение и гордост и ќе достигнеш сличност со демоните. Напротив, прави го евангелското добро, како вистински ученик на Богочовекот и ќе станеш подобен на Богочовекот.