Вернер Хајзенберг – На дното од чашата на науката не очекува Бог

Вернер Хајзенберг (1901-1976)

 

Германски физичар Вернер Хајзенберг (1901-1976) е удостоен со Нобелова награда во 1932 година за создавање на квантната  механика.

„Првата голтка од чашата на природни науки, го прави  човекот атеист, но на дното од чашата го очекува Бог.“

„Во историјата на науката, уште од познатиот процес против Галилео, не еднаш сме слушале дека научната вистина не може да се помири со религиозно толкување на светот. Макар и да сум убеден дека научната вистина е неприкосновена во својата област, јас секогаш сум сметал  дека е невозможно да се отфрли религиозното мислење како една застарена фаза во развојот на сознанието на човештвото, како дел од кој ќе треба да се откажеме. И така, во текот на мојот живот, секогаш сум се чувствувал должен да размислувам за заемната врска меѓу тие два региони на мислата – науката и религијата – зашто никогаш не сум се сомневал во реалноста на Оној кон Кого тие се насочени“.

Вернер Хајзенберг