Еве како Светиот Старец Филотеј Зервакос татковски го упатува својот добар совет, до оние на кои Бог им ја дал власта да го водат народот и земјата:
„Бројни се твоите грижи и проблеми. Бројни се и твоите одговорности и обврски што си ги земаш на себе. Ќе се соочиш со многу тешкотии, неправди и отпор, но биди храбар, смело истакнувај се на бојното поле на битката за доброто, заради љубов кон светата вера Христова и за спасение на најслатката Татковина. И имајќи сигурна и невидлива помош во Бога, кон Кого секогаш треба да се обраќаш, ќе извојуваш победа над сите тешкотии и ќе ги поведеш, заедно со своите сотрудници во доброто, останатите од Власта, па и целиот народ, по вистинскиот и спасителен пат Господов“.