Потребни состојки:
Пандишпан:
- 500 гр. брашно
- 1 прашок за пециво и малку сода бикарбона
- 12 супени лажици шеќер
- Ванилин шеќер
- 200 гр. ореви мелени
- 200 гр. лешници мелени (поубаво е да се потпечени и излупени)
- Урми сечкани (по желба)
- Сок од еден лимон
- 500 мл. млака вода
Фил:
- 6 пудинзи од чоколада
- 18 супени лажици шеќер
- Ванилин шеќер
- 10 супени лажици кокосово млеко
- 1½ л. вода
- 5 банани
- 5 праски
Начин на подготовка:
Се мешаат сите состојки за пандишпанот, се печат на 150°С, околу 30′.
Врз пандишпанот се реди исечканото овошје и се полева со врел (течен) пудинг.
*Препорачливо е да се пече во подлабок сад, за во истиот, пандишпанот да се полее со пудингот.