Потребни состојки:
- 400 гр. леќа
- 2 моркови
- 1 кромид
- ½ главица лук
- 1 парче праз
- 1 пиперка
- 2 лажици таан
- ½ лажичка буковец
- 2 ловорови листа
- 1 лажичка зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
- Бибер
- Оригано
- Сол
Начин на подготовка:
Измиената леќа се вари на тивок оган, во длабок сад, заедно со кромидот, лукот, празот, исчистените моркови и пиперката, исечкани на покрупни парчиња. Кога леќата ќе почне да омекнува се вади сварениот зеленчук заедно со малку вода и се пасираат или блендираат, се додава таанот, претходно растворен со вода од леќата. Сето тоа се враќа во леќата се додава буковец, ловоров лист, зачин, малку бибер, оригано и сол по вкус, и се остава да врие сè додека леќата не се свари.