Потребни состојки:
- 600 гр. компири
- 150 гр. сирење
- 100 гр. печурки
- 2 јајца
- Масло
- Зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
- Црн бибер
- Лебни трошки (презла) или пченкарно брашно (по потреба)
Начин на подготовка:
Компирите се мијат и се варат. По варењето се лупат и се рендаат на крупната страна од рендето. Се оставаат да се изладат и потоа се додаваат сирењето, печурките и зачините. Смесата се меси додека не стане хомогена. Од оваа смеса се обликуваат десетина плескавици и се потопуваат во добро изматени јајца, па во лебни трошки или пченкарно брашно. Се пржат во претходно загреано масло, сѐ додека не добијат златеста боја. Потоа се вадат и се оставаат да се исцедат во рамен сад покриен со салфетки.