Потребни состојки:
- 450 гр. ракчиња (чистени)
- 150 мл. маслиново масло
- 1 лимон
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка оригано
- Зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
- Сол (хималајска)
- Кечап
Начин на подготовка:
Ракчињата се мијат, се полеваат со врела вода и се оставаат да отстојат 5′-10′. Потоа се цедат од водата и се ставаат во сад, па се полеваат со маринада од маслиново масло, сок од лимон, лук и оригано. Ракчињата во маринадата треба да отстојат од 6 до 12 часа.
Кога сакаме да ги подготвиме, се вадат од маринадата и се ставаат на плотна или тефлонска тава, на која претходно наросуваме од солта, ги ставаме ракчињата и се печат додека не добијат румена боја. Пред да се тргнат од оган се става малку кечап (по вкус).
Може да се гарнираат со ориз.
Внимавајте да не ги препечете ракчињата!