Потребни состојки:
- 5 парчиња праз
- 150 гр. маслинки
- 3 лажици таан
- 1 лимон
- Сол
- Бибер
- Оригано
Начин на подготовка:
Ситно исецканиот праз се става во длабок сад со малку вода, се додава малку сол и се динста со повремено додавање на малку вода. Кога празот сосема ќе омекне, се трга на страна да се излади. Потоа се додава растворениот таан, лимонот, исецканите маслинки, малку бибер и сол по вкус.