Салата од праз и маслинки

Потребни состојки:

  • 5 парчиња праз
  • 150 гр. маслинки
  • 3 лажици таан
  • 1 лимон
  • Сол
  • Бибер
  • Оригано

Начин на подготовка:

Ситно исецканиот праз се става во длабок сад со малку вода, се додава малку сол и се динста со повремено додавање на малку вода. Кога празот сосема ќе омекне, се трга на страна да се излади. Потоа се додава растворениот таан, лимонот, исецканите маслинки, малку бибер и сол по вкус.