Како да го победиме искушението?

Кој го победил ѓаволот?

 
Само оној што ја спознал својата немоќ, своите недостатоци, своите страсти. Тој што се плаши да се спознае самиот себеси, ќе остане далеку од познанието. Тој не сака ништо друго освен да ги види грешките на другите за да може да ги осуди. Таквиот човек во другите луѓе не ги гледа даровите, туку недостатоците и спротивно на ова, во себе ги гледа само даровите, а своите недостатоци ги одминува. Тоа е вистински проблем во денешно време. Ние веќе не сме во состојба едни со други да си ги препознаваме даровите. На еден човек можат да му недостасуваат многу работи, но затоа мнозинството е тоа коешто може да поседува сè. Ако тоа го признаеме, ќе придобиеме големо смирение, затоа што на таков начин ние Го почитуваме и славиме Бога, Кој луѓето ги украсил со различни дарови и им укажал на нееднаквоста меѓу нив, издвојувајќи ги од сите Свои созданија. За разлика од нас, незнабошците се трудат да ја воведат еднаквоста меѓу сите луѓе и така да ја расипат Божјата премудра творба.