Овој трогателен настан, кој ја покажува простата и чиста вера на народот, го раскажуваше блаженоупокоениот Архиепископ Атински Дамаскин (1891-1949).
Еднаш, на Велика Сабота, додека идниот Архиепископ бил мало дете, неговите родители загубиле постар син. Братот на Архиепископот се упокоил на дваесетгодишна возраст, а тагата на родителите била огромна, неподнослива.
Селаните од нивното село Дорвица одлучиле следниот ден, Велигден, да нема оро на сред село, заради сочувство со стариот татко на покојниот младич.
Кога таткото ја слушнал тишината, прашал:
– Зошто не играат?
Кога му објасниле, стариот излегол свечено од својата куќичка, го зафрлил својот мантил, ги викнал соселаните да го следат и го заиграл орото.
– Што е жалоста за моето дете, наспроти радоста од Воскресението на Детето Божјо? – рекол тој.
Овој расказ го запишал големиот грчки писател Илија Венезис, во својата книга за активноста на Архиепископот Дамаскин во времето на германската окупација, со наслов „Архиепископ Дамаскин. Време за работа“, изд. «Βιβλιοπωλείου της Εστίας», Атина 1981, стр. 14.