Те возљубив доцна, о, Красото древна и нова,
Те возљубив доцна!
И ете, во мене си бил, а, јас, пак, вон себе,
и надвор Те барав, и во дивните ствари,
што Ти си ги создал, паднав, безличен јас.
Со мене си бил, а јас со Тебе не.
Ме држеа далеку од Тебе тие,
што во битие не се, ако во Тебе не се.
Ти викна и ме призва, ја скрши мојта глувост,
светна и блесна, ме изведе од слепост.
Од Твојот благомирис еден здив штом зедов,
сал за Тебе липам.
Те вкусив и сум само гладен и жеден,
откако ме допре, за Твојот мир горам.
Од книгата „Исповеди“ (Confessiones, lib. 10, 27.38)
Препев: Братството на Свештената Бигорска Обител