Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), на својата редовна седница, одржана на 13 септември 2018 година, разгледувајќи ги тековните црковни активности, обрна посебно внимание за последните подготовки околу претстојниот Архиепископски црковно-народен собор, кој ќе се одржи на денот кога е одржан историскиот собор пред 60 години и кога МПЦ-ОА го празнува Соборот на сите македонски свети (од 5 до 7 октомври 2018 година).
Исто така, Светиот Синод ја разгледа работата на воспитно-образовните институции на МПЦ –ОА, извештајот од матурските и приемните испити и почетокот на новата учебна година.
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на претстојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор.