Минатиот месец, со благослов на Токискиот митрополит Даниил, најпосле беше обезбедено земјиште за првиот православен машки манастир на Јапонската Црква, во чест на рамноапостолниот Николај Јапонски. За да се помогне организирањето на монашкиот живот, во земјата беше испратен јеромонахот Герасим Шевцов од Свето-Троицката Сергеева Лавра, кој заедно со инокот Соломон го отслужија првиот молебен на местото каде што е предвидено да се изгради храмот.
Членовите на соборот на Јапонската Православна Црква го благословија почетокот на монашкиот живот во местото Адзиро, областа Сидзуока. Сега на браќата од манастирот им претстои труд да ги постават темелите на монашкиот живот во оваа земја.