Сирија: Пронајдено подземно христијанско засолниште од III – IV век

Извор:

Сириските археолози открија таен подземен премин и засолниште каде Христијаните од првите векови се засолнувале од гонењето на римските власти. Подземниот тунел се наоѓа во реонот на градот Манбиџ, на север од земјата, каде што во древниот период се наоѓал градот Ерапол, поранешниот центар на римската провинција Еуфрат.

Со продолжувањето на археолошките истражувања, кои беа во прекин 2 години поради воената состојба во Сирија, во древните руини пронајден е тесен тунел кој водел до тајна врата, направена од поголеми камења и привремен олтар со скали. На столбовите и камените карпи биле вдлабнати крстови и свештени текстови. Освен тоа, археолозите пронајдоа и гробница каде што се претпоставува дека ги погребувале свештенослужителите. Оваа подземна гробница според постоечката традиција од I век, исто така се ползувала како место за собирање на верници и богослужби. Научниците сметаат дека, според изображенијата на столбовите и карпите, можеби биле направени после официјализирањето на Христијанството во Империјата, односно после Миланскиот едикт. Наскоро после тоа, овие подземни христијански засолништа повеќе не биле ползувани.