Владимир Путин ја прочита својата годишна порака како претседател на Руската Федерација упатена до Федералното Собрание. Оваа година пораката беше прочитана на денот на 20 – годишнината од Уставот на Руската Федерација, кој беше усвоен на 12 декември 1993 год., со општо народно гласање. Во своето обраќање Владимир Путин особено истакна дека Русија ќе продолжи да ги брани традиционалните вредности:
„Вистинското значење на конзервативизмот е не тоа дека го попречува движењето напред и нагоре, туку дека го попречува движењето назад и надолу – кон хаотична темнина и враќање до примитивната состојба“.
„Денес во многу земји моралните норми се ревидираат, националните традиции и разлики помеѓу народите и културите се бришат. Сега не само што од општеството се бара свесно признавање на правото на секој за слобода на совест, на политичко гледиште и на приватен живот, туку исто така и задолжително признавање на еднаквоста (иако можеби ова се чини чудно) помеѓу доброто и злото – два спротивставени концепти.
Ова уништување на традиционалните вредности „од горе“ не само што води кон негативни последици за општествата, туку е исто така и потполно анти – демократско, бидејќи се спроведува на основа на апстрактни идеи, и против волјата на националното мнозинство, кое не ги прифаќа овие актуелни промени и сугерирани ревидирања.
А знаеме дека има сѐ повеќе и повеќе луѓе во светот кои го поддржуваат нашиот став за заштита на традиционалните вредности што повеќе од илјада години биле духовна и морална основа на нашата цивилизација, на сите народи: традиционалните семејни, вистинскиот човечки живот, вклучувајќи го и религиозниот живот – не само материјален, туку исто така и духовен живот, вредностите на човечноста и разноликоста на културите во светот.
Секако, ова е конзервативен став. Но, според Николај Берџаев, вистинското значење на конзерватизмот не е тоа дека го попречува движењето напред и нагоре, туку дека го попречува движењето назад и надолу – кон хаотична темнина и враќање до примитивната состојба.
Во последните години забележавме дека обидите да се наметне наводно попрогресивен модел на развој врз други земји, всушност доведоа до назадување, варварство и големо крвопролевање“.
Извор: Православие.ру