Една од најпопуларните теории е дека во иднина ќе можат да ги контролираат луѓето, користејќи технологија на чипови. Развојот на технологијата им овозможува такви сценарија …
Прво вградија чипови во добитокот, потоа во домашните миленичиња па во затворениците. Моментално им вградуваат чипови на луѓето од племенските заедници во Пакистан, каде што ЦИА своите сојузници ги снабдува со минијатурни предаватели за да можат да ги лоцираат и да ги програмираат беспилотните летала да ги нападнат теористите.
Ова го тврдат многу теоретичари на заговор, кои се прашуваат дали Американците ќе му вградат чипови и на остатокот од слободниот свет? Предупредуваат дека станува збор за радио-френкфентни чипови (RFID) и дека всушност чиповите ќе станат дел од нашата реалност. затоа што овие чипови ќе навлезат во секоја пора на општеството и наскоро под кожата, буквално, ќе имаме цел систем за контрола на поединецот и општеството.
Откако го успвршија Пентагон и ЦИА, системот е спремен и за граѓанското општество. секптиците тврдат дека сакаат оваа технологија да ја рекламираат како нешто што е корисно за нашето здравје и нашата безбедност и финансии. Кулминација на се ова е законот на Обама за здраствено осигурување, популарно наречен “Обамници”. Се верува дека тука воопшто не станува збор за здраствена заштита, туку позади сето ова се крие таен план со кој сите граѓани на САД ќе имаат вграден чип за идентификација.
”Обамници” или вовед во дикататура
Во прилог со планот на Обама, бесплатна здраствена заштите за се поголем број Американци нешто не е во ред. Теоретичарите на заговорот често ја наведуваат изјавата на Ненси Пелоси, истакната политичарка од Демократската партија, која во 2010-та година се пожали дека ќе мора да го усвојат законот само за да можат да дознаат што точно пишува во него.
Се споменува дека помеѓу двете илјади страници на овој закон се крие делот кој го опишува “уредот” како RFID чип. Притоа го цитираат делот во кој се зборува за “национален регистар на уреди во кој би се собирале и анализирале податоци за сигурноста и податоци добиени од секој поединечен чип кој е вграден во пациентите”. На овој начин владата за своите граѓани ќе знае буквално се’ во секој момент! Чипот, исто така е уред за пратење со помош на GPS. Откако агентот на ЦИА, компјутерскиот експерт, Едвард Сноуден, откри дека NSA прислушува милиони луѓе низ целиот свет, ни ова сценарио не изгледа толку невозможно.
Чипот исто така, ја покажува финансиската состојба на корисникот па влада врз основа на овие податоци може да пресмета каков вид на медицинска нега може секој да си дозволи. Ги покажува вашите банкарски сметки, криминалното досие, верската припадност, образованието, адресата, идентификацијата… Па на овој начин, станува многу повеќе од медицинско досие. Теоретичарите на заговор тврдат дека чипот всаден под кожата на крај ќе го замени и начинот на плаќање со пари, односно кредитни картички, бидејќи вашата жиро сметка ќе биде на самиот чип. Нема да ви бидат потребни картички, ќе биде доволно само да ви ја скенираат подлактицата. Неколку државни училишта во САД пред неколку години експериментално работеле на чиповите со RFID, и уредите ги испробувале на гостите во дискотеките и забавните паркови.
Глобален систем на надзор
Помеѓу теоретичарите на заговор, една од омилените теории им е токму онаа која ги поврзува RFID чиповите со цитат од Библијата: Откровение за знакот на ѕверот – бројот 666. Тие тврдат дека знакот на ѕверот, всушност е глобалниот систем за собирање на информации и обработката на тие податоци како и нивното складирање во различните бази. Кулминацијата на ваквите промени е само еден чип вграден во вашето тело. Во реалноста, денес можеме да приметиме дека чиповите контролираат многу аспекти од нашите животи – банкарски картички, кредитни картички за попусти во супермаркетите и шопинг центрите, автомобилската навигација, паметните телефони… Се ова е контролирано од чип кој собира информации и ги испраќа во различни бази на податоци низ целиот свет. Интернетот вусшност е многу важен дел од тој систем. Станавме глобално поврзано општество. Речиси секој потег може да се следи и набљудува. Сега за сега сето ова е на доброволна основа, но теоретичарите на заговор не предупредуваат дека “елитата” со помош на модерните уреди (како на пр. iPhone) ќе проба да не убеди дека е модерно, забавно и корисно да дозволите да бидете прислушувани и пратени во секој чекор, со помош на чипот вграден во вашето тело.
Американските христијани кои се занимаваат со теории на заговор своите истомисленици ги советуваат да не дозволуваат ништо да биде вградено во нивното тело. Верувајќи дека на тој начин се согласуваат со Антихрист и против Бога.
Што е RFID?
Радио Френкфентна ИДентификација – технологија на автоматско собирање на податоци со помош на чипот кој е фиксиран за производот или корисникот. Се употребува за следење на далечина па дури и низ торба, ранец или новчаникот на корисникот…
Многу водечки компании сакаат да ги заменат бар-кодовите со овие чипови, Теориите дека на овој начин се остварува библиското пророштво постојат веќе 30 години, но никогаш не биле толку актуелни како денес. Причините се многубројни, една од нив е и тоа што американскиот потпретседател Џо Биден неодамна збореше за тоа дека еден ден би бил донесен закон за вградување чипови во населението.
Исто така, Томи Томпсон, поранешниот гувернер на Висконсин ја поддржува инсталацијата на чипови во луѓето, можеби поради тоа што тој има акции во VeryChip, компанија која се занимава токму со овие работи. Кога го прашале каде би бил вграден тој чип, одговорил “во десната рака”. Случајно или не, тоа е едно од двете места кои се споменуваат во Библијата во истиот контекст.
Инсталацијата на чипови ќе го подобри квалитетот на животот?
Чипирање на деца со цел да се спречи киднапирање, чипирање на старите за подобро да ги надгледуваат, дијабетичарите за да бидат навремено предупредени, чипирање на луѓе алергични на нешто со цел да ги известат пред да фатат алергија, и така натаму. Се ова звучи добро, користејќи технологија за да се подобри животот. Но, скептиците предупредуваат дека таквата технологија во погрешни раце може да предизвика тотална контрола врз човештвото. Тврдат дека елитата уште денес пропагира преку маркетинг и рекламирање. За пример ја земаат технологијата која го следи вашиот израз на лицето, ја одредува взораста и полот, се ова со користење на софтверот на џамбоплакатите, кои ви покажуваат скриени реклами според вашите потреби и желби.
Звучи одлично, но она на кое ве предупредуваат е дека владата на овој начин само не навикнува на постојаното присуство на технологијата за скенирање на лице. Подоцна ќе треба да го прифатиме постојаниот, 24-часовен надзор, како да сме во затвор. Сведени на бројка во нивниот каталог. Кога тој глобален систем ќе биде инсталиран, предупредуваат дека, резултатот ќе биде токму онаков како што вели Библијата: “Ѕверот ќе ги предизвика сите – мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови – ќе стави белег на денста рака или на челото и никој нема да може да купи или продаде освен оној кој го има белегот со името на ѕверот или со бројот на неговото име”.
Целосен надзор и економија без пари
Тековната економска и социјална криза нè води кон глобалното финансиско пропаѓање кое елитата ќе сака да го искористи да се воспостави глобалиот финансиско-економски систем, продолжуваат со предупредувања многу поддржувачи на теориите на заговор. Овој систем ќе им обезбеди централна власт на Обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Ќе се воведе не-готовинската, електронска валута, која ќе се следи со висока технологија. Некои тврдат дека овој мониторинг ќе се врши со користење на RFID чиповите вградени под кожата. Желбата за тотална контрола на светските сили ќе ја оправдаат со тврдењата дека ние со помош на чиповите ќе имаме подобар надзор и транспарентност на финансиските пазари, интернационалните компании, перењето на пари и финансирањето тероризам…
Но, теоретичарите на заговор, кажуваат дека глобалистите добро знаат дека луѓето нема да се откажат од својата слобода така лесно. Поради тоа потребно е да направат глобална паника, како на пример колапс во финансисикот систем или можеби некои епидемии како птичјиот грип и сл. Така би ги убедиле луѓето дека единствен начин е да го прифатат чипот. На овој проект глобалистите работат повеќе години. Во април 1998-мата година, списанието Time објавиле дека во иднината парите ќе бидат прегледувани на лап-топ компјутери, кредитни картички и чипови вградени под кожата. Сите овие технологии постојат денес.
Батериите во чиповите ќе траат 100 години
Патрик Редмонд, авторот на книгата “Нова технологија – скриена опасност”, на која работел до 2007-ма година, објаснил што е тоа RFID чип. Напишал дека тоа е ради-френкфентен уред, односно микрочип со антена. Чипот содржи информации кои можат да се префрлат на компјутер. RFID може да биде пасивен, полупасивен и активен. Активните имаат надворешен извор на енергија како што е батерија. Овозможуваат добивање, пренос и складирање на податоци на поголемо растојание од пасивните. Батериите кои ги користат овие чипови наводно можат да траат стотици години, бидејќи тие се само-обновуваат. Hitachi во 2007-ма година го претстави најмалиот RFID чип кој изнесува само 0:05 милиметри.
Според Редмонд, личната карта во САД ќе содржи чип во кој нема да го има само личниот број туку и податоци за вработување, образование, религија, етичка припадност, полициско досие и податоци за потомството. WalMart, Best Buy, американската војска и многу други агенции низ целиот свет веќе ја имплементираат употребата на таквите чипови. Во Лондон полицијата објави дека планира со овие чипови да ги поврзе сите вработени. Во јужниот дел на Кина веќе пратат голем дел од населението на овој начин.
Не набљудувале и преку Angry Birds?
RFID чиповите, освен како пари можат да се користат и за медицински надзор, како возачка дозвола, пасош и антитерористичко решение.. но многумина предупредуваат дека таа технологија може да содржи механизми за контрола на мозокот, моториката, говорот и сеќавањето, што би овозможило тотален надзор на човештвото на целата планета, компромитирајќи ја нашата слободна воља. Михаил Мехта, социолог од Универзитетот Саскачеван во Канада смета дека ваквата средина може да го уништи нашиот концепт на приватност – односно да креира феномен наречен нано-паноптизам во кој граѓаните ќе го чувствуваат постојаното присуство на уредите за мониторинг (за пратење).
На нешто слично сведочиме денес додека САД ја тресе шпионска афера од светска контрола. Набљудувале илјадници и илјадници светски политичари и други помалку влијателни луѓе, па дури и којзнае колку обични граѓани кои биле мета на шпионажа. Дури и популарната игра за паметни телефони, Angry Birds, наводно ја користеле за собирање податоци за населението од целиот свет. Суверенитетот на народот ги предупредува антиглобалистите дека се повеќе се потценува индивидуалната слобода, а се промовира идеата за електронска полициска држава. Дали ќе се остварат нивните црни прогнози и во колкава мера, ќе ни покаже времето.
Извор: Точка